Приведен скопјанец за издржување затворска казна

од Andreja Salpe

На 21.04.2021 во 13.30 часот од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош на подрачјето на Карпош, по наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил приведен Ж.Д.(67) од Скопје, поради тоа што се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, превидено и казниво по чл.297 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Слични содржини