Приведен Турчин во Карпош, баран со меѓународна потерница за убиство

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека 47-годишно лице од Р.Турција со престојувалиште во Скопје е приведено откако претходно по него турската полиција имала распишано меѓународна потерница за убиство.

Според полицијата, вчера во 17 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош бил лишен од слобода З.С.(47) од Р Турција со престојувалиште во Скопје, кој се барал по меѓународна потерница за сторено крвично дело убиство.

Тој бил задржан во полициската станица Карпош за понатамошна постапка, информираат истражните органи.

Слични содржини