Приведен жител на Ерџелија за мачење животни

од Vladimir Zorba

Одделението за внатрешни работи од Свети Николе поднесе кривична пријава против жител на село Ерџелија поради основано сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“.

Кривичната пријава е поднесена по објавата на видео на социјалните мрежи.

Од МВР информираат дека лицето М.Е. е приведено и со него е извршен разговор. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното Јавно обвинителство.

Слични содржини