Приведена скопјанка, осомничена за даночно затајување

од Берта Китинска

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода 53-годишната С.М. од Скопје.

Жената била барана по централна потерница од Основното јавно обвинителство за истрага поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 239 од Кривичниот законик – „даночно затајување“.

Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.

Слични содржини