Приведени 14 лица во Хрватска за скандирање „убиј ги Србите“ на Велигден (видео)

од Nikola Popovski

Хрватската полиција приведе 14 лица за извикување на паролите „убиј ги Србите“ и „Ој, Хрватска мајка, ќе ги колеме Србите“ на православниот Велигден во Борово.

Според полицијата, се води истрага под сомнение за сторено кривично дело јавно поттикнување на насилство и омраза, извикувајќи несоодветна содржина.

Група од 20 млади луѓе поминале низ Борово рано наутро во неделата, на православниот празник Велигден, во придружба на полицијата и извикуваа навредливи пароли.

Општина Борово објави видео од оваа заканувачка поворка на својот Фејсбук профил.

По објавувањето на видеото, хрватската полиција не спомена дека младите ќе бидат осомничени за кривично дело, но зборуваше за прекршок, пренесува хрватски индекс.

По објавувањето на видеото, хрватската полиција не споменаla дека младите ќе бидат осомничени за кривично дело, но зборуваше за прекршок, пренесува хрватски „Индекс“.

Портпарол на полицијата во Вуковар-Срем вчера за Индекс потврдил дека дваесетина лица марширале низ Борово со пораки за „убиство и колење на Србите“.

Според „Индекс“, некои од оние кои учествувале во инцидентот се навивачи на загрепски „Динамо“ „Бед блу бојси“.

Некои од нив дошле од Загреб и други делови на Хрватска, а некои и избегале на полицијата.

Полицијата одговори дека „процениле кој е најповолен момент“ за интервенција.

„За време на движењето, групата беше под надзор на полицајци кои го оценија најповолниот момент за акција и беше утврден идентитетот на сите лица од групата“, соопштија од таму.

Слични содржини