Приведени двајца Бугари, со „бмв“ скршиле рампа на Деве Баир

од Берта Китинска

Вчера околу 03.00 часот во с.Жидилово, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин „Деве Баир” ги лишиле од слобода Г.Г.Х.(51) и Р.С.Г.(45), двајцата од Република Бугарија, поради тоа што околу 01.20 часот на Граничен премин „Деве Баир” нелегално ја преминале државната граница.

Во наведеното време, тие со патничко возило „бмв” со бугарски национални ознаки, кое го управувал Р.С.Г., не застанале за пасошка контрола и гранични проверки и со возилото удриле во спуштените рампи, ги скршиле и влегле во Република Северна Македонија.

Според информацијата од пограничните служби на Република Бугарија, лицата со возилото оствариле излез од Република Бугарија, исто така, без да застанат за гранични проверки.

По преземени мерки лицата и возилото биле пронајдени и лицата се лишени од слобода.

Подоцна, тие биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Слични содржини