Приведени две лица при обид да пренесат марихуана во Грција

од Vladimir Zorba

Полицијата на граничниот премин Стар Дојран уапси две лица кои со товарно возило марка „Ман“ се обиделе да пренесат марихуана од земјава во Грција.

Како што соопшти МВР, возачот на камионот Е.М. и неговиот сопатник Е.Х., и двајцата од гостиварското село Долна Бањица, имале намера да преминат од Република Северна Македонија во Грција, преку граничниот премин Стар Дојран.

При претрес на возилото полицијата во него пронашла 20 кеси со марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини