Приведени крадци од Велес, одземеното вратено на сопствениците

од Radmila Tasevska

На 01.02.2023, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода К.И.(23) и И.Б.(69) од Велес.

Тие се сомничат дека од двор и тераса на две куќи на ул. „Јовче Тикварски“ во Велес одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини