Приведени три лица во чиј автомобил е пронајдена марихуана

од Vladimir Zorba

Полицијата вчера привела три лица во близината на гостиварското село Зубовце, во чиј автомобил била пронајдена марихуана.

Како што информираат од МВР, вчера околу 17.20 часот во близина на гостиварското село Зубовце, полициски службеници запреле патничко моторно возило „фиат типо“ со италијански регистарски ознаки, во кое се наоѓале Г.И.(18) од гостиварско Дебреше, С.А.(27) од Гостивар и А.А.(18) од Врапчиште.

– При нивен и преглед на возилото била пронајдена марихуана. Тројцата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот, се појанува во соопштението од МВР.

Слични содржини