Приведени тројца крадци од Гостиварско за издржување затворски казни

од Vladimir Zorba

Полициски службеници од Полициска станица Гостивар вечра и денескаво Гостивар ги лишиле од слобода С.А. (32) и З.С. (26), двајцата од Гостивар и М.А.(37) од гостиварското село Србиново.

Според МВР, за трите лица биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на казни затвор, поради сторени кривични дела „кражба“, казниви по чл. 235 од Кривичниот законик.

Лицата се спроведени и предадени во Казнено поправна установа Затвор Тетово за издржување на затворските казни.

Слични содржини