Приведени тројца кумановци за време на полицискиот час

од Берта Китинска

Изминатото деноноќие во Куманово шест лица го прекршиле полицискиот час. Тројца се приведени.

Полициски час

Како што соопшти МВР, од 7 часот вчера до 7 часот утрово на подрачјето на Куманово регистрирани се шест прекршувања на мерката забрана за движење.

-Преземени се мерки и активности, при што за три лица се земени податоци, а три лица се лишени од слобода и за истите ќе следи соодветен поднесок, се истакнува во соопштението.

Слични содржини