Приведено лице од гостиварско поради обид за поткуп

од Radmila Tasevska

Вчера во 08.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го привеле А.С.(64) од с. Чегране, гостиварско.

На граничниот премин Блато, при пасошка контрола при влез во државата, во патна исправа ставил пари и се обидел да даде поткуп на полицискиот службеник.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини