Приведено лицето кое нападна новинар и снимател со секира

од Nikola Popovski

МВР информира дека полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска околу 17 часот и 30 минути, во село Топлица, гостиварско, го лишиле од слобода 59-годишниот Б.Е. од гостиварското село Ѓурѓевиште, по добиена пријава дека пред тоа во Ѓурѓевиште го нападнал 23-годишниот Н.А.(новинар) од гостиварско Калиште и во раката имал секира со која му се заканувал.

Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Од ЗНМ веднаш контактирале со новинарот и тој потврдил за овој инцидент, давајќи конкретни информации: ,,Додека снимавме и работевме на репортажата со колегата снимател Збулим, ни се доближи лицето Бурхан Хамити и откако ни се обрати со погрдни зборови, ме фати за глава и ме буткаше по скали. Потоа слезе во училишниот двор и почна да не брка со секира. Ние брзо влеговме во автомобилот и се упативме до полициска станица да го пријавиме нападот, а напаѓачот цело време не следеше со неговиот автомобил дури до селото Неготино, гостиварско“, изјавил нападнатиот новинар.

 

Слични содржини