Привршува реализацијата на брзите мерки за санација на Русино

од Vladimir Zorba

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска беше во теренска обиколка на нестандардизираната депонија во Русино, каде во тек е реализацијата на брзите мерки за санација на депонијата.

Досега се реализирани сите подготвителни работи, поставена е колската вага за мерење на количини на отпад, во тек е изградба на насипи и воспоставување на системот за управување со протекување на исцедокот. Започнато е и асфалтирање на патот до депонијата, a паралелно се работи и на подготовката на документација на алтернативен пат до Русино од патот Гостивар – Маврово.

Согласно динамичкиот план, се очекува брзите мерки да бидат целосно завршени до крајот на август годинава, по што ќе се започне со втората фаза од проектот и управувањето со Русино ќе биде предадено на заедничкото јавно регионално претпријатие Русино/Полог, формирано од сите општини од Полошкиот плански регион.

Слични содржини