Прку анкетен прашалник Центарци ќе учествуваат во подготовка на програмите на општината

од Берта Китинска

Центарци од денеска  ќе може да учествува во донесување одлуки на локално ниво и партиципативно да учествува во подготовка на програмите за работа и буџетот на Општина Центар за 2021 година.

Општина Центар веќе седум години ги реализира граѓанските проектни и буџетски форуми, но заради новонастаната ситуација во нашата држава и поради заштита од ширење на вирусот Ковид -19, оваа година, форумите ќе се реализираат електронски со пополнување на анкетен прашалник на нашата веб – страница и онлајн состаноци на платформата ZOOM.

„Одговорите на нашите граѓани имаат особено значење при креирањето на општинските програми за работа. Затоа,целта на овие форуми и консултативни процеси е зголемување на учеството на граѓаните во креирање на локалната политика. Би сакал да ги охрабрам сите граѓани да земат учество во процесот на донесување одлуки и преку заеднички процес да се вклучиме во креирање на транспарентна локална самоуправа“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Слични содржини