Проблеми со онлајн платформата: „Ако знаеме дека часот е само 30 минути, за да ги вклучиме учениците ни требаат најмалку 40тина минути“

од Nikola Popovski

Со многу неизвесност, најави за бојкот и дилеми околу нефункционалноста на онлајн платформата, утре почнува новата учебна година.

Покрај проблемите на родителите и наставниците од ФИНКИ тврдат дека апликацијата може да го поддржи товарот од приклучување на сите корисници одеднаш.  Некои училишта алаткатаМајкрософт Тајмс ја користат како една од опциите за спроведување настава со далечинското учење. За сега е сигурно дека учебната година ќе стартува само за учениците од 1 до 3 одделение кои се определиле за настава во училница.

Ирена Попова, наставник во ОУ Кочо Рацин Скопје, за ТВ Сител изјави дека според последните информации кои што ги добила учебната година ќе започне преку Мајкрософт Тајмс, а не според Националната платформа.

„Ќе им бидат потребни 40тина минути на секој наставник да ги вклучи учениците да ја следат наставатa преку онлајн. Последните насоки кои што ги добивме од страна на директорот е дека утрешниот ден односно почетокот на учебната 2020/2021 година ќе почне со одделенски час со нашите одделенија и повторно нагласувам не преку националната програма, туку преку Microsoft Times. Ние треба да ги повикаме поединечно еден по еден сите ученици за да можат да се вклучат. Ако знаеме дека сега часот е само 30 минути нас само за да ги вклучиме учениците ни требаат најмалку 40тина минути. Така да може да замислите ако надлежните не планираат да отстапат од ова и да се вратиме на пример предлог на тоа што сме го работеле нас ќе ни треба само 40тина минути само да ги вклучиме ученици само во мојата паралелка“, вели Попова.

Поради проблеми со платформата, онлајн поврзување со ученици воопшто нема да се одржи во некои училишта. Вакво известување денеска добиле родителите на ученици кои учат во скопски основни училишта и неизвесно е дали ќе се спроведе од наредната недела.

Слични содржини