Проблеми во Велика Британија поради непочитување на мерките

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на британската влада, Мајкл Гав, денес изјави дека има очигледни проблеми поради непочитување на задолжителната самоизолација.

Тој ја отфрли можноста владата да наметне сеопфатни ограничувања низ целата земја како дел од борбата против ширењето на коронавирусот.

Во денешното интервју за Скај Њуз, Гав предупреди дека граѓаните не ги спроведуваат донесените мерки, како и дека има проблем со контролата и надзорот, пренесува Ројтерс.

Гав посочи дека важноста на поддршката што британската влада ја дава на граѓаните кои треба да одат во самоизолација постојано се намалува.

loading...

Слични содржини