Проблеми за ПСЖ: Мбапе може да го пропушти реваншот против Сити

од Vladimir Zorba

Еден од најдобрите играчи на ПСЖ, Килијан Мбапе, нема да игра против Ленс во сабота поради повреда, а неизвесен е и за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите со Сити во Манчестер.

Парижаните во сабота ќе се сретнат со Ленс во 35. коло од Лига 1, а сигурно е дека во тимот нема да биде францускиот напаѓач, кој се пожали на повреда по првиот дуел со „граѓаните“.

– Килијан има проблем со листот на десната нога. Се надевам дека не е ништо сериозно и тој ќе може да се врати што е можно побрзо. Тој е важен за нашата игра и кога немате клучен играч, тоа секогаш има влијание. За среќа, во тимот имаме повеќе играчи кои можат да играат добро и да го пополнат неговото место – изјави тренерот на тимот од Париз, Маурисио Почетино.

Парижаните загубија во првиот полуфинален натпревар на „Паркот на принцовите“, иако поведоа со голот на Маркињос. Во второто полувреме гостите од Манчестер одиграа многу подобро и со головите на Кевин де Бруин и Ријад Марез направија пресврт во резултатот.

Слични содржини