Проблеми за Роналдињо: По затворот, стигна короната

од Vladimir Zorba

Славниот бразилски фудбалер Роналдињо објави дека е позитивен на коронавирус.

Поранешниот ас на Барселона, Милан и Пари Сен Жермен и се обрати на јавноста преку социјалните мрежи и објави дека резултатот од тестот на Ковид-19 е позитивен.

Сепак, ниту Бразилецот ниту Португалецот Кристијано Роналдо, кој е во изолација веќе една недела, немаат никакви симптоми, се чувствуваат добро и започнаа двонеделен домашен карантин.

Еден од најсаканите фудбалери на сите времиња пристигна во Минас Жераис, Бразил, каде требаше да учествува на еден од настаните на неговиот спонзор, но беше спречен од здравствени причини.

„Пристигнав во Бело Хоризонте, направив тест на Ковид-19 и резултатот е позитивен. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми. Голема прегратка до сите и ви благодарам што посакавте сè да помине добро“, објави Роналдињо, кој во март беше во затворот во Парагвај, бидејќи влегол во таа земја со неговиот брат со фалсификувани лични документи.

Слични содржини