ПРОБЛЕМИТЕ ВО БРАКОТ СЕ ПОГОЛЕМИ: Медиуми тврдат дека Меган сака развод од принцот Хари

од Vladimir Zorba

Иако тие имаа намера да живеат помирен живот, одредени детали за врската помеѓу Меган Маркл и принцот Хари сепак „се појавија“. Откако извесно време се пишуваше за втората бременост на Меган, магазинот „New Idea“ откри дека Меган наводно сака да се разведе веднаш штом се роди второто бебе.

Проблемите во бракот на оваа кралска двојка, наводно, се зголемуваат. Еден од изворите на споменатите медиуми е лице од „Admiralty House“ од Сиднеј, Австралија, каде што војводата и војвотката од Сасекс престојувале за време на нивната посета на оваа земја во 2018 година.

Во тоа време, тие, наводно, спиеле во одделни простории затоа што не го делеле истото мислење за втората бременост. Додека Меган не може да дочека друго бебе, изгледа дека Хари сè уште не е подготвен за тој чекор.

Иако изворите не откриваат многу детали, како што тврдат, блиските пријатели на принцот биле загрижени што Меган ќе барала развод кога ќе се роди второто дете.

Слични содржини