Прочитани се намерите на Мицкоски, тој е против ЕУ и НАТО, велат од СДСМ

од Nikola Popovski

Владеачката СДСМ излезе со реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, во која велат дека секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина, Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, да ја кочи државата, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста.

„Одамна се прочитани намерите на Мицкоски, тој е против ЕУ, против НАТО, против се што е во интерес на државата. Целото дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е ставање сопки во клучни моменти и обиди за кочење на напредокот, на државата. Мицкоски нема чувство за тоа што е државен или национален интерес. Затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција. Во хистеријата што ја шири Мицкоски никој не верува. За јазикот, за идентитетот не се преговара, ниту може да се преговара. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет се потврдени и признаени“, стои во партиското соопштение.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на вонредна прес-конференција искажа загриженост од наводите во последното интервју на премиерот Зоран Заев за еден бугарски медиум, потенцирајќи дека тоа што тој го кажал може да го начне македонскиот идентитет.

„Македонскиот народ го повикувам внимателно да ги следи овие денови кои што се пред нас, внимателно и будно заеднички со ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата да следиме што преговара Зоран Заев и на што се е спремен, а потоа на соодветен начин, ако на каков било начин го навреди македонскиот идентитет да реагираме и да го спречиме. Јас ќе бидам прв во таа борба“, рече Мицкоски.

Слични содржини