Продаден дел од скалите на Ајфеловата кула

од Nikola Popovski

Дел од скалите на Ајфеловата кула со околу 14 скалила е продаден на аукција за точно 274.475 евра, објави аукциската куќа „Аркиријал“, пренесуваат светските медиуми.

Скалилата, скоро три метри високи, потекнува од оригиналното скалило на познатата „железна дама“ од 1889 година. Тој дел ги поврзуваше вториот и третиот кат.

Поради инсталирање на лифт помеѓу подовите во 1983 година, беше потребно да се демонтира дел од скалилото на неколку делови.

Еден дел се наоѓа на првиот кат во Ајфеловата кула како изложбен експонат, додека другите се наоѓаат во музеите низ цела Франција или во приватни колекции.

Слични содржини