Продадено најскапото паркинг место на светот, милионска сума

од Stefanija Kuzmanovska

Компаниите Warf Holdings и групацијата Nan Fung продадоа паркинг место за 1,3 милиони долари во луксузниот станбен комплекс Монт Николсон во Хонг Конг, откри извор близок на ова прашање.

Претходниот рекорд беше поставен во 2019 година, кога паркинг место беше продадено во деловна зграда за 980.000 долари, објави денес „Блумберг“.

Претставник на „Warf“ изјави дека компанијата нема повеќе информации за продажбата.

Цените на недвижностите во Хонг Конг се на рекордно високо ниво, па неодамна беше издаден луксузен стан на островот за 206.000 долари месечно.

Слични содржини