Продажба и конфискација на маски: Ситуација иста како на Дивиот Запад

од Nikola Popovski

По Франција, Германија исто така ги обвинува САД за „конфискација“ на опрема потребна за борба против пандемијата. Инсајдерите известуваат дека кинеските фабрики ги посетуваат агенти со куфери полни со пари и се обидуваат да го купат целото производство.

„Методи на дивиот запад“ и „модерната пиратерија“ – така ја опиша ситуацијата сенаторот на Берлин за внатрешни работи, Андреас Гисел што се случило на аеродромот во Бангкок, главниот град на Тајланд. Таму наводно се заплениле 200.000 заштитни маски ФФП-2 произведени од американската компанија 3М, кои требало да бидат доставени за градот Берлин, за потребите на полицијата. Се верува дека маските едноставно биле пренасочени кон САД.

Во германските владејачки кругови се претпоставува дека американските претставници со пари во готовина се обидуваат да ја префрлат заштитната опрема изработена од кинески производи во САД. Слични тврдења има и од Франција.

САД имаат најголем број пријавени случаи на коронавирус во светот. Како и во другите земји, ракавиците, маските и другата заштитна опрема се во голема побарувачка. Претседателот Доналд Трамп нареди стоката да се набави секогаш кога е можно, а тој исто така им забрани на американските компании да извезуваат опрема.

Куфери полни со пари

Трамп се однесува на законот за производство на одбраната, закон донесен во 1950 година во екот на Корејската војна. Законот му дозволува на претседателот да ја задолжи економијата да произведува одредени производи во случај да се загрози националната безбедност. Така, на крајот на март, производителот на автомобили „Џенерал моторс“ е должен да направи респиратори за интензивна нега на пациенти со проблем со белите дробови.

Во Берлин се убедени дека нивната нарачка на маски, направена од американската фирма 3М во Кина, само ја сменила насоката. Белата куќа молчи, а 3М вели „нема докази дека производите биле конфискувани“.

Инсајдерите велат дека во Кина се движат камиони со агенти кои носат куфери полни со пари и се обидуваат да ја купат целата заштитна опрема директно од фабриките. Извор од германската влада соопштил дека несериозни понуди сè повеќе доаѓаат од луѓе кои наводно нудат заштитни маски од Кина.

ДВ

Слични содржини