Продолжен притворот на Раста: Останува зад решетки уште 30 дена

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот суд во Белград го продолжи притворот за пејачот Стефан Ѓуриќ Раста и Б.Л. за уште 30 дена, кај кои беа пронајдени сканк и кокаин на почетокот на октомври, кога беа уапсени.

Нивниот притвор беше продолжен поради постоење на посебни околности кои укажуваат на тоа дека тие можат да го повторат делото за краток временски период, прецизира портпаролот на судот Татјана Тешиќ.

Тие имаат право на жалба на оваа судска одлука во рок од три дена.

Против Ѓуриќ и Б.Л. Вишото обвинителство во Белград спроведува истрага поради сомневање дека сториле кривично дело – недозволено производство и пуштање во промет наркотични средства, за што се заканува казна затвор од три до 12 години.

Истрагата е во завршна фаза и се очекува да заврши откако ДНК вештачењето ќе стигне до обвинителството, а потоа ќе следи одлуката за обвинението.

На рочиштето во обвинителството по апсењето, Ѓуриќ се бранеше дека пронајдениот сканк го користел за сопствена употреба, но обвинителството не му веруваше.

Слични содржини