Продолженија на четири собраниски седници

од desk4

Собранието денеска треба да одржи продолженија на четири седници.

На продолжението на 100-та седница пратениците треба да разгледаат  Дополнет предлог на закон за акцизите во второ читање и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка поднесен од пратеникот Хари Локвенец.

Во рамки на продолжението на 94-та седница Собранието во второ читање ќе го разгледа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

На дневен ред на продолжението на 98-та седница на Собранието е Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2018 година и Предлог на одлука за одобрување на Финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2019 година.

И на продолжението на 66-та пред пратениците се преостанати Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила во прво читање,  Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија поднесена од пратениците од опозицијата и Годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2017 година.

Слични содржини