Продолжи спасувачката акција на Тајланд

од desk2

На Тајланд денеска продолжи операцијата за спасување на децата од пештерата, каде се заглавени веќе две недели.

Во пештерата има уште осум деца и нивниот тренер.

Во пештерата Там Луанг има и девет членови на спасувачкиот тим, откако вчера тајландски и странски нуркачи усепшно извлекоа четири деца од пештерата.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и враќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.

Слични содржини