Продолжува истрагата во Аргентина: Дали е можна лекарска небрежност да довела до смртта на Марадона?

од Nikola Popovski

Истрагата за смртта на Диего Марадона продолжи и денеска откако полицијата изврши претрес во канцеларијата и домот на психијатарот кој се грижеше за легендарниот фудбалер.

Психијатарот Агустина Косачов е цел на истрага поради можна медицинска небрежност. По наредба на јавното обвинителство, полицијата влегла во станот што Косачов го користел за консултации во Буенос Аирес, додека друга група полицајци извршила претрес во нејзиниот дом.

„Обвинителот ми рече дека тој го истражува нејзиното однесување како лекар“, им рекол на новинарите психијатарот Вадим Мисканчук, додавајќи дека ова се рутински мерки во случај на испитување на причините за смртта на пациентот и дека тоа е сторено за да се утврди нејзината историја на лекар.

Агустина Косачов била дел од медицинскиот тим што го лекувал Марадона откако бил опериран на почетокот на ноември поради крварење на мозокот.

Истражителите утврдиле дека немало насилство во случајот, но обвинителот започна истрага за можна медицинска небрежност што доведе до смрт на Марадона, што доведе до излив на емоции низ цела Аргентина и меѓу љубителите на фудбалот ширум светот.

Во изјавата објавена преку адвокат, Косачов соопштила: „Јас сум смирена за сите одлуки што ги донесов“.

Полицијата го истражувала и неврохирург Леополд Лук, кој се грижел за Марадона во последните месеци, а во ноември учествувал со други специјалисти за операцијата на мозокот.

Полицијата во неделата изврши претрес во неговиот дом и канцеларија и му ги зеде медицинските досиеја на Марадона, како и компјутерите, хард дисковите и мобилните телефони.

„Диего ги мразеше лекарите. Мразеше психолози, ги мразеше сите што се занимаваат со здравје. На Диего му требаше помош, немаше начин да се допре до него. Имаше автономија, сам одлучуваше за сопственото здравје. За што сум одговорен? Сите направивме најдобро што можевме. Сите“, изјавил Лук.

loading...

Слични содржини