Продолжува облачното и дождливо време

од Nikola Popovski

Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната од 9 до 15 степени.

Во Скопје облачно со повремен дожд и со слаб североисточен правец. Минималната температура ќе биде 11, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Под влијание на влажна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер.

Слични содржини