Продолжува ослободувањето на Охридското крајбрежје

од Vladimir Zorba

Денеска продолжи акцијата која ја спроведува општина Охрид со која се отстранува урбана опрема, шанкови и објекти од плажите.

Од Канео се отсранува нелегална кафана, навлезена во езеро со бетонски ѕид, под самата црква.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна појасни дека акцијата се спроведува согласно Планот за управување со Охридскиот регион и ги опфаќа плажите чии договори се истечени и истите се надвор од Генералниот урбанистички план.

Слични содржини