Продолжува потрагата по момчето кое со автомобил излета во Вардар, таткото аплеира: „Жив или мртов, институциите да го најдат мојот син“

од Берта Китинска

И денеска продолжува потрагата по возачот од возило кое излета во Реката Вардар на ден 27.09.2022год.

-Од 9 часот на терен се 50 припадници од АРМ Тетово кои и денеска ќе вршат копнено пребарување. Од полициска станица Желино на терен се 8 лица, од Полициска станица Јегуновце исто така на терен се 8 лица, Полициска станица Тетово се со 4 лица.Се очекуваат да пристагнат и нуркачи од Охрид, но дополнително и Специалната единица CAE-Тигри ќе пристигнат со нуркачи.8 лица од ДЗС Тетово и 8 лица од ДЗС Куманово ќе вршат копнено пребарување, исто така 4 лица од ДЗС ќе вршат копнено пребарување во Езерото Зелениково и 2 нуркачи од ДЗС ќе вршат пребарување во вода.Екипа од 6 пожарникари ќе вршат копнено пребарување покрај реката. Екипа од ЕЛС Желино ќе помагаат во потрагата со 20 припадници, информираат од ЦУК.

Таткото на 21 годишното момче преку ТВ21 побара институциите да го најдат неговиот син.

„Жив или мртов, институциите да го најдат мојот син“, порача таткото кој е на местото од каде беше изглечен автомобилот.

Слични содржини