Продолжува расправата за избор на новата влада

од Vladimir Zorba

Пратениците денеска напладне ќе ја продолжат 60-та седница со единствената точка на дневен ред – избор на новата влада. Мандатарот Димитар Ковачевски пред пратениците вчера ја презентираше програмата за работа на новата влада, која ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри.

Фокусот на новата влада, како што најави Ковачевски, е создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години. Тој во вчерашното експозе во Собранието најави удвојување на економскиот раст, и раст на БДП до 5 отсто.

Главен предизвик во економијата, како што рече, и натаму останува соочувањето со негативните ефекти од пандемијата и енергетската криза. Најави дека минималната плата ќе продолжи да расте што ќе придонесе за раст и на просечната плата.

Зголемување на пензиите ќе биде исто така една од првите одлуки на новата влада. Новата влада, како што посочи мандаторот, има план за соочување со економската и енергетската криза.

Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.

Слични содржини