Продолжува реконструкцијата на „Александар Урдаревски“ и за време на полициски час

од Vladimir Zorba

Овој викенд, екипите на Град Скопје интензивно работат на реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во Бутел. Неодамна започна асфалтирањето на една лента од улицата, а во текот на полицискиот час се работи и на втората лента од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосницата со улица Бутелска во должина од 850 метри, соопштија од Град Скопје.

На улицата досега беше изведена комплетно нова атмосферска канализација и другите подземни инсталации.

Оваа улица во Бутел е една од најважните сообрајници за граѓаните од таа општина, кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат по овој дел од улицата „Александар Урдаревски“.

Слични содржини