Продолжува штрајкот на јавниот сектор, се бара линеарно зголемување на платите

од Nikola Popovski

Вработените во јавниот сектор во северна Македонија денеска повторно излегуваат на штрајк во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), барајќи линеарно зголемување на платите за 2.806 денари, враќање на регресот за годишен одмор од 2023 година и нов колективен договор.

Во сите јавни установи, во кои синдикатот има свои ограноци и членови, започнат е штрајк со гарантирани минимум 10 проценти од вработените кои ќе работат за да излезат во пресрет на итната работа и барањата на граѓаните, односно да не бидат загрозени безбедноста, здравјето и животот на граѓаните.

Вработените во јавниот сектор, покрај штрајкот, во работно време ќе го прекинат работниот процес на работните места и видно ќе стојат надвор од простории од 10 до 11 часот.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски вчера најави дека денеска ќе штрајкуваат пред зградата на Владата и ќе бидат поставени 21 столче, колку што има министерства во Владата.

-Ќе бараме да го прифатат амандманот од ССМ испратен до сите пратенички групи. Да дојде време да се освестат министрите и да го прифатат амандманот за да им помогнат на работниците, рече вчера Димовски.

Слични содржини