Продолжува средбата на историската комисија – главна точка учебниците за 7мо одделение

од Берта Китинска

Во Скопје денеска продолжува вчера започнатата средба на Мешовитата историска комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Македонските учебници по историја за 7-мо одделение и што би можело да се промени во нив – главна точка на дискусија на новата средба на Мешовитата историска комисија.

На претпоследниот состанок за оваа година, македонските и бугарските историчари се фокусираат врз 10-иот и 11-иот век, а се очекува расправа и за рано османлискиот период. Дводневната средба се одржува во македонското МНР.

Слични содржини