Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“: Јовановски побара претходно изземање на Гаврилова Ефремовска

Денеска продолжува рочиштето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде првообвинет е основачот Бојан Јовановски, но обвинети се уште четири лица.

Случајот е во доказна постапка, а на изминатото рочиште беа изведени материјални докази од страна на обвинителството.

На почетокот на изминатото рочиште, првообвинетиот Јовановски побара изземање на судијката, Гаврилова Ефремовска, бидејќи како што посочи била пристрасна во случајот, со оглед на тоа дека истата судијка беше дел и од судечкиот совет за случајот „Рекет“.

Во овој случај, Јовановски и останатите обвинети, меѓу кои е и неговиот татко, Миле Јовановски, како и Фросина Ременски, се теретат за измама и перење пари. Односно, обвинетите во случајот се теретат и за помагање во делото измама, неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Слични содржини