Продолжува судското рочиште за „27 Април“

Во кривичниот суд денес треба да продолжу рочиштето за случајот „27 Април“.

На изминатото рочиште кое се оддржа на 16. ноември, за упадот и насилствата во Собранието сведочеа поранешни, но и актуелни пратеници.

Овој случај е се уште во доказна постапка и го предводи Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Во овој предмет познато е дека се обвинети, Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, инаку претходни министри за транспорт и врски односно образование, како и понарешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Сите обвинети се теретат за сторено кривично дело, „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Слични содржини