Продолжуваат протестите во Хонгконг

од Aleksandar Petrovski

Илјадници луѓе учествуваат на денешните собири во Хонгконг, одбележувајќи шест месеци од почетокот на протестите на приврзаниците за самостојност.

Демонстрантите извикувале „Граѓани на Хонгконг, одмаздете се“, бесни поради реакцијата на полицијата со употребата на солзавец и апсења.

Митингот наречен „Стоиме обединети“ е организиран во момент на загриженост на некои демонстранти дека движењето слабее, влегувајќи во седмиот месец, а Владата не покажува знаци за правење отстапки. Властите во Хонгконг се соочени со притисок да се согласат на независна истрага за полициското насилство кое предизвика гнев кај многу граѓани.

Слични содржини