Продолжуваат средбите на Коѕијас со лидерите на политичките партии

од desk2

Следните седмици ќе бидат одлучувачки за дали ќе има или не решение на проблемот, смета лидерот на партијата Река кој вчера имаше средба со шефот на грчката дипломатија.


За текот на преговорите за името, за односите со Албанија и за грчко турските релации, Никос Коѕијас го известил Ставрос Теодоракис на нивната средба, соопштуваат од партијата Река.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, најголемиот дел од разговорите бил посветен на прашањето за името.

– Имаше детален брифинг од страна на министерот. Разговорите продолжуваат, разговорите на политичарите, но и разговорите на експертските групи. Не извести детално и се надевам искрено. Му го повторив нашиот став и мислам дека следните седмици ќе бидат одлучувачки за решение или не на проблемот, рече Теодоракис по средбата со Коѕијас, на која лидерот на партијата на шефот на грчката дипломатија му ги претставил позициите на Река за прашањата во грчката надворешна политика.

Шефот на грчката дипломатија, како што вчера објави МИА, средбите со лидерите на грчките партии ги започна со генералниот секретар на Комунистичката партија, продолжи со лидерот на Река, додека пак денеска ќе се сретне со Фофи Генимата од Движење за промени и со претседателот на Сојуз на централисти, Василис Левендис.

Слични содржини