Продолжување на временскиот интервал помеѓу дозите на вакцината на Фајзер

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) издаде препорака временскиот интервал помеѓу двете дози од вакцината на Фајзер / Бионтек да се продолжи до шест недели, пренесува АП.

Стратешката советничка група на експерти за имунизација на СЗО, позната како САГЕ, денес објави официјални упатства за администрирање на вакцини во кои се наведува дека препорачаниот интервал помеѓу две дози е од 21 до 28 дена.

СЗО исто така забележа дека голем број земји се соочуваат со исклучителни околности за ограничување на залихите на вакцини во комбинација со голем товар како резултат на болеста и дека некои земји размислувале за одложување на администрирањето на втората доза за да добијат што е можно повеќе.

Овој прагматичен пристап се заснова на моментално достапни податоци за клиничко испитување и може да се смета како одговор на „исклучителни епидемиолошки околности“, соопшти СЗО, истакнувајќи дека земјите кои сакаат да го продолжат интервалот треба да бидат сигурни дека вакцинираните пациенти ќе имаат пристап до втора доза.

СЗО соопшти дека сè уште нема достапни податоци за заменливоста на вакцината Фајзер/Бионтек со други вакцини против ковид-19. Организацијата исто така изјави дека нема докази дека вакцинацијата го намалува ризикот од пренесување на вирусот на други луѓе.

Слични содржини