Проф. Градишки: Законодавецот влегол во регулирање на туѓа материја

од Vladimir Zorba

На тринаесеттиот ден од автономната зона на студентите, во рамките на алтернативните предавања, Проф. д-р Елена Градишки пред Пленумците зборуваше на тема „ Упад без пардон во автономијата на Универзитетот“.

Веднаш по предавањето, Градишки во интервју за НОВА ги појаснува „упадите“ во академската слобода на Универзитетот, за студентската борба за нов закон за високо образование како и уставноста на истиот закон.

-Формата проверка на знаење на студентите е декларирана слобода на Универзитетот во член 12, алинеја 4. Таму е напишано кои слободи потпаѓаат под академската слобода на Универзитетот, меѓу другото и слободата на определување на начинот на проверка на знаењето. Не смеел законодавецот, немал овластување да ја регулира оваа материја, односно го злоупотребил своето законско овластување да не ги уредува овие односи, вели проф. Градишки за НОВА.

loading...

Слични содржини