Проф.Трајковски: Да сум на МЕСТОТО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ на граѓаните би им рекол – aко се разболите ќе ве лекуваме колку што знаеме и можеме

од Берта Китинска

Кога би бил на местото на здравствените власти, познавајќи го менталитетот на нашето население (коешто е недоверливо кон секоја власт) не би вршел ниту агитација за вакцинација, ниту би вовел задолжителна вакцинација, пишува во својата најнова фејсбук анализа професорот Дејан Трајковски  објаснуваќи ја вакцинацијата и нејзините ефекти.

-Само би ги оставил линковите до сајтовите на Министерството за здравство и ИЈЗ Скопје, каде би биле истакнати вакви и слични пресметки. Па кој сака да се коцка со веројатноста, слободно може да го прави тоа, нема да се (раз)убедуваме. Тој што на училиште научил дека во 21. век болестите се спречуваат со вакцинација, самиот ќе знае што да прави и без агитација.

Всушност, власта тоа „кревање раце“ суптилно и го прави. Кога велат дека „единствениот начин да се справиме со Делта сојот е вакцинацијата“, тие на културен начин всушност им порачуваат на антиваксерите: „Немаме намера да се убедуваме со вас. Не се вакцинирајте, забавувајте се и патувајте колку што сакате, не се тестирајте, не пријавувајте контакти и шетајте заразени наоколу. Ви донесовме вакцини и ви кажавме што треба да направите, ама вие сето тоа го фрливте под нозе. Не верувате во наука, верувате во теории на заговор. Возрасни сте, имате разум и самите одлучувате, ама утре ако се разболите ќе ве лекуваме колку што знаеме и можеме, во нашите македонски услови. Заради вас нема да ја жртвуваме ни економијата ни удобноста на другите граѓани што се поразбрани од вас. Од денеска, каква ви глава – таква ви капа. Тоа што сте си дробеле – тоа и ќе го сркате. Нека ви е Господ на помош!“, пишува Трајковски .

Слични содржини