Проф. Трајковски: Опаѓа стапката на хоспитализирани во последните недели

од Nikola Popovski

Со доцнење од две недели, ИЈЗ Скопје конечно ги објави броевите на активно хоспитализирани и досега испишани од болниците. Бројот на активно хоспитализирани во неделата (12.09.2021) опадна на 983, од рекордните 1.176 една недела претходно, информира професорот Дејан Трајковски, кој се заминава со пресметки за тоа како се движи ковид-статистиката во земјава.

Според него, во последниве недели стапката на хоспитализираност (соодносот на броевите на хоспитализирани и активни случаи) е константно под 10%, односно изнесува малку под 8%.

-Заклучуваме дека леталитетот во летниот бран е помал само за 3 процентни поени (апсолутно намалување) во однос на севкупниот просек од 43,4%, односно процентуалното (релативно) намалувањето изнесува само (43,4%-40,4%)/43,4% = 6,9%. Ова е навистина премало намалување за дадениот опфат со вакцинација. Недостасуваат податоци за поточна пресметка, меѓутоа приближно излегува како да биле хоспитализирани речиси исклучиво невакцинирани, а за нив важи досегашната стапка на болнички леталитет од 43,4%, се вели во анализата на Трајковски.

Слични содржини