Проф. Вачков: Референдум само ќе потврди дека Бугарите не се подготвени на отстапки за С.Македонија

од Vladimir Zorba

„Лично ми е тешко да замислам како навистина ќе успееме да ги решиме прилично нејасните прашања, особено во комисијата за толкувањата на нашата историја“, рече професорот Даниел Вачков од БАН, кој е член на мешовитата бугарско-македонска комисија на изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека тоа ќе се случи.

Тој додаде дека може да се бара компромис во билатералните односи во областите како што се економијата и инфраструктурата.

„На сите им е јасно дека главните проблеми ни се со толкувањето на минатото. Очигледно и двете земји не сакаат да отстапат од своите тези. Ако се преземе попрагматичен пристап, давање простор за преговори преку промовирање напредок во економските односи и инфраструктурата и задржување на историјата во позадина, тоа е едно решение. Но, постојат сериозни стравувања – и во општеството и во комисијата, дека ако историјата оди во втор план, се помали се шансите за изнаоѓање заемно прифатливо решение“, вели професорот Вачков.

Според него, за овие три и пол години работа на заедничката бугарско-македонска комисија, „не е направен обид во општеството на С. Македонија појасно да се прикаже дека имаме заедничка историја“.

Вачков рече и дека главното прашање е колку одлуката на Советодавниот совет ќе го промени ставот што го формира Бугарија за пристапување на Северна Македонија.

„Референдумот само ќе потврди дека Бугарите не се подготвени на отстапки“, додава тој.

Слични содржини