Професионалното минато на Зекири беше решавачко, а не кумството со премиерот, велат од Влада

од Берта Китинска

За одлуката за именување на Мухамед Зекири за генерален секретар на Владата и за тоа дали  има судир на интереси имајќи предвид дека премиерот Зоран Заев е негов кум, портпаролот на Владата на ова новинарско прашање одговори дека премиерот го имал во предвид  неговот професионалното минато.

– Во предвид се зема бекграундот и она што Мухамед Зекири го има постигнато во професионалната карира и врз онсова на тоа е донесена таа одлука по предлог на премиерот,одговори Душко Арсовски.

Мухамед Зекири, вчера беше назначен за нов генерален секретар на Владата на местото на Драги Рашковски.

„Од Владата на Република Северна Македонија бев именуван за нејзин Генерален секретар. Огромна чест и уште поголема професионална обврска на патот кон реализација на зацртаната Програма за нашата држава. Благодарам за довербата!“, напиша доскорешниот пратеник на својот профил на Фејсбук.

Зекири пред една година се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска а на свадбената веселба кум му беше премиерот Зоран Заев со неговата сопруга Зорица Заева.

Слични содржини