Прогласен „голем инцидент“ поради зголемениот број на заразени во Лондон

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан денеска прогласи „голем инцидент“ за да им помогне на болниците да се справат со порастот на случаите на Ковид, предизвикан од сојот „омикрон“ кој брзо се шири.

Овој потег уследи откако Велика Британија го пријави најголемиот пораст во последните 24 часа на бројот на нови случаи од почетокот на пандемијата.

Расте бројот на примени во болница и отсуството на здравствени работници, рече Кан, додавајќи дека одлуката ја донел во консултација со партнерите, што ја покажува сериозноста на ситуацијата.

Кан, од опозициската Лабуристичка партија, исто така прогласи „голем инцидент“ во јануари, кога постоеше закана дека луѓето со КОВИД ќе ги преплават болниците. Се проценува дека варијантата „омикрон“ сочинува повеќе од 80 проценти од новите случаи на Ковид во Лондон.

„Тајмс“ пишува дека официјалните лица подготвуваат нови правила кои, доколку се воведат, би забраниле мешање во затворени простории во Англија, освен две недели по Божиќ, кога пабовите и рестораните ќе бидат ограничени на услуга на отворено. Луѓето можат да се сретнат во групи од најмногу шест на отворено.

Од почетокот на пандемијата, инфекцијата е потврдена кај 11.190.354 лица, додека 147.048 починале.

Слични содржини