Прогласен нов претседател на Генералното собрание на ОН

од Stefanija Kuzmanovska

Дипломатот од Унгарија, Чаба Короши, положи заклетва како нов претседател на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Вчера Короши положи заклетва на Повелбата на Обединетите нации во присуство на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН Абдула Шахид, пренесува МТИ.

Во својот говор по инаугурацијата, Короши рече дека војната во Украина мора да заврши што е можно поскоро и да се постигне прекин на огнот.

Тој се заблагодари за поддршката на Унгарија и на земјите од источноевропскиот регион, а со инаугурацијата на Короши започнува 77. сесија на Генералното собрание на ОН.

Слични содржини