Прогласена вонредна состојба: Разорно торнадо уништи населби во јужниот дел на САД

од Stefanija Kuzmanovska

Вонредна состојба поради торнадо е прогласена во јужната американска држава Мисисипи и околината.

Бројот на жртвите од торнадото кое во петокот вечерта го погоди Мисисипи се искачи на 26, а десетици луѓе се повредени.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, објави дека прогласил сојузна вонредна состојба за регионот погоден од торнадото.

Голема материјална штета е направена на поширок простор по ударот на десет торнада. Една од погодените области е градот Ролинг Форк.

Слични содржини