Прогласена вонредна состојба во Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska

Во Велика Британија е прогласена вонредна состојба откако за првпат беше издадено црвено предупредување за екстремни горештини, бидејќи температурите би можеле да достигнат и 40 степени Целзиусови.

Предупредувањето од метеоролошката агенција за понеделник и вторник ги вклучува Лондон, Манчестер и Јорк, објави Би-Би-Си.

Тоа значи дека постои ризик по животот, а дневните рутини ќе мора да се сменат.

Ќе има ограничувања на брзината на железничките линии, некои училишта ќе се затворат предвреме, а некои посети на лекари ќе бидат откажани.

Ќе се посипува песок по патиштата за да се намали топењето на асфалтот, а службата за помош на пат предупреди дека на повеќе возачи ќе им биде потребна помош поради прегревање на нивните автомобили.

Метеоролошката агенција издаде предупредување за највисоко ниво четири и додаде дека до мачнини и смрт може да дојде дури и кај здрави луѓе.

Ова е прв пат да биде издадено црвено предупредување за висока температура за делови од Велика Британија.

Слични содржини