Прогласени победниците во екипниот дел на Балканското Првенство во пинг понг

од desk4
 Изминатите два дена во СЦ Форца во Скопје во рамките на балканското првенство во пинг понг за играчи до 18 години се одржаа натпреварите во екипна конкуренција на репрезентативно ниво.
 Најуспешна е репрезентацијата на Романија со освоени три златни медали и еден сребрен медал, следува Турција со еден златен, два сребрени и еден бронзен медал, Србија освои еден сребрен медал, додека со по еден бронзен медал се закитија репрезентациите на Босна и Херцеговина, Италија и Бугарија.
 Пласман во Јуниорска конкуренција момчиња
1. Романија
2. Србија
3. Турција
Финале Романија – Србија 3:2
Македонија се пласира на осмото место од вкупно девет репрезентаци
3.jpg
  Пласман во Јуниорска конкуренција девојчиња
1.Турција
2. Романија
3. Босна и Херцеговина
Финале Турција – Романија 3:1
Македонија се пласира на шестото место од вкупно осум репрезентации
  Пласман во Кадетска конкуренција момчиња
1. Романија
2. Турција
3. Италија
Финале Романија – Турција 3:0
Македонија се пласира на шестото место од вкупно девет репрезентации
2.jpg
  Пласман во Кадетска конкуренција девојчиња
1. Романија
2. Турција
3. Бугарија
Финале Романија – Турција 3:0
Македонија се пласира на шестото место од вкупно единаесет репрезентации
Од денес до недела ќе се одржат натпреварите во поединечна конкуренција, и натпреварите во конкуренција на парови.

1.jpg

Слични содржини